Каде можете да набавите најевтина при пејд картичка, а да добиете најевтини разговори? Дозволете да ви го олесниме изборот преку споредба на цените меѓу трите мобилни оператори во Македонија.
Пред да продолжите, важно е да знаете дека споредбата се однесува на цената на при пејд картичката и предностите што ги добивате откако ќе ја активирате.
Без конкуренција, најевтина е понудата на ОНЕ односно ЏаБест при пејд картичката, која може да биде ваша за САМО 99 денари! За таа сума добивате вклучен кредит од 100 денари што можете да го искористите за СÈ ШТО САКАТЕ, односно за сурфање, испраќање СМС, ММС и повици кон останатите национални мрежи. А, да не зборуваме за 1.000-те бесплатни минути кон сите броеви во ЏаБест мрежата цел месец без никакви услови!
Во Т-мобиле, картичката е поскапа за цели 196 денари, односно чини 295 денари. Со неа добивате исто толкав кредит и можност да ги користите за сурфање, разговори во сите национални мрежи, СМС и ММС, но НЕ и да зборувате бесплатно со сите при пејд корисници во мрежата.
ВИП е дефинитивно најскап. За при пејд картичката треба да платите дури 300 денари, за кои добивате исто толку за разговори, сурфање, СМС и ММС. Разговорите се бесплатни кон сите ВИП корисници, НО само во првата недела од активирањето.
Информациите можете да ги споредите и самите вие ако просурфате по веб страните на сите оператори во табот при пејд понуда. Ние ги користевме податоците објавени на сајтовите на мобилните оператори заклучно со 23.4.2013 година.