Телекомуникацискиот оператор ОНЕ со нова понуда во при-пејд сегментот. Од 15 април, ОНЕ ја воведува понудата “за твоите 100 денари добиваш 300 денари” овозможувајќи им на своите при-пејд корисници три пати повеќе кредит.
Така, секој при-пејд корисник на ОНЕ кој има најмалку 100 денари на својата сметка, може да ја активира новата понуда и за своите 100 да добие дури 300 денари кредит.
Доделениот кредит од 300 денари корисникот може да го користи во период од 14 дена за било која услуга што ОНЕ ја нуди на своите при-пејд корисници: разговори кон сите мрежи, SMS, MMS, интернет, услуги со додадена вредност, како и за претплати за купување на пакети.
Корисникот може да ја активира понудата на секои 14 дена до истекот на промоција.
Оваа неверојатна понуда е достапна за сите при-пејд корисници на мобилната телефонија на ОНЕ, вклучително и корисниците на ЏаБест и истата може да се активира со јавување на бесплатниот број 1460, испраќање SMS на бесплатниот број 181 со текст “300 START”