Quantcast
Channel: оне –Е Вести
Viewing all articles
Browse latest Browse all 20

Се спојуваат ВИП и ОНЕ

$
0
0

Телеком Словенијa денеска објави дека е договорено спојување на македонските компании ОНЕ  која е дел од Телеком Словеније Групцијата со компанијата ВИП оператор, која е дел од Телеком Австрија Групацијата. Телеком Словеније ќе поседува 45% акции од новоформираната споена компанија, додека Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% од акциите.

-Договорот исто така вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето.

Затворањето на процесот е предмет на, меѓу другото, и финалната длабинска анализа на ОНЕ ДООЕЛ Скопје која што се очекува да заврши до средината на ноември 2014 како и на одобрување на македонските власти. Телеком Словеније АД и Телеком Австрија Групацијата планираат процесот да заврши во првиот квартал од 2015 година, стои во соопштението.

Активностите на македонскиот пазар се во согласност со бизнис планот на Телеком Словеније Групацијата за 2014 година и стратешкиот бизнис план на Телеком Словеније Групацијата за периодот 2014 – 2018. Телеком Словеније АД не смее да открива други детали до комплетирање на трансакцијата.

Со своите 23,6% пазарен удел и околу 528.000 корисници на мобилна телефонија и вкупно 640.000 корисници во сите сегменти во четвртиот квартал од 2013 година, ОНЕ ДООЕЛ Скопје е третиот по големина мобилен оператор и втор по големина телекомуникациски сервис провајдер во Република Македонија. Во 2013 компаниите ОНЕ ДООЕЛ Скопје и Диги Плус Мултимедиа ДООЕЛ Скопје остварија 75,5 милиони евра приходи од нето продажбата и 14,4 милиони евра ЕБИТДА.

Телеком Австрија Групацијата е присутна на пазарот во Македонија преку својата подружница ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ од 2007 година. ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ имаше околу 630.000 корисници на крајот на последниот квартал од 2013 и пазарен удел од 28,1% и е вториот по големина мобилен оператор на македонскиот пазар. Приходите на ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ се до 65 милиони евра и 14,7 милиони евра ЕБИТДА. Со купувањето на Близу Македонија во јули 2014 година Телеком Австрија Групацијата стартуваше со понуда на фиксни сервиси на македонскиот пазар.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 20