Во пресрет на најголемиот муслимански празник, Рамазан Бајрам и по повод едномесечниот Рамазански пост, втора година по ред, телекомуникацискиот оператор ОНЕ донира 150 пакети на хуманитарната организација „Хилал“.
Пакетите се наменети за 150 социјално загрозени семејства и истите содржат основни прехранбени артикли и средства за хигиена. Секој пакет има тежина од околу 20-тина килограми и содржи: зејтин, шеќер, брашно, ориз, тестенини, кафе, сол, детергент за перење алишта, шампон и сапун.
Во име на телекомуникацискиот оператор ОНЕ, донацијата ја предаде Директорот за маркетинг и односи со јавност, г. Виктор Доневски кој изјави: „Рамазанското време е време на добрина и дарување, а ОНЕ е компанија која секогаш им помага на ранливите категории на граѓани. И оваа, како и минатата година ОНЕ донира пакети за социјално загрозените семејства со цел да им овозможи достојно да го прослават најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам“.